Научниците тврдат: Децата шират корона вирус, но не на начин како што тоа го прават возрасните

3.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Научниците тврдат: Децата шират корона вирус, но не на начин како што тоа го прават возрасните

Во истражување кај 23 деца на возраст од седум до 16 години, тестот на Ковид-19 бил позитивен.

Нејасно е во колкава мерка децата можат да шират корона вирус, но новата студија укажува на тоа дека е можно лесно да го пренесат како што се заразени возрасните, рекле швајцарски истражувачи.

Помалку деца од возрасните се заразаени со коронавирус и помалку од нив развиваат тежок облик на болеста, а се претпоставува дека не се “главен двигател за пренесување“, но деца од сите возрасти сепак се заразени, рекле истражувачите.

Сепак, се мисли дека не го шират вирусот на начин како што тоа го прават возрасните.

“Земајќи во предвид релативно мала зачестеност на заразени деца, дури и во погодените подрачја, биолошки или други непознати фактори можат да доведат до слабо пренесување“, претпоставуваат авторите.

Тие рекле дека потребни се истражувања, за во целина да се разбере улогата на децата во ширење на вирусот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата