Благо Георгиев беше во Вардар, се виде со играчите, луѓето од канцеларијата на клубот, се виде и со градските власти. Иако првично беше кажано дека ќе остане во Скопје само 8 часа, тој сепак ќе престојува неколку денови со цел да се заврши работата. На Бугаринот му е кажано дека ако сако да го земе Вардар на управување ќе мора да се исплатат тие 2,9 милиони евра. Сума во која се и сите долгови кон играчите од изминатите месеци.

Секако дека Благо треба да знае дека ова е Вардар, овој клуб е скапа играчка и дека мора да се дадат доста пари за да се има на управување. Инаку му било кажано дека ако сака да финансира во клубот, односно да стане газда, ќе мора прво да се среди и целата документација, потоа да има комплетна ревизија, па дури тогаш парите да се уплатат. Тоа значи дека ако Благо го сака Вардар, тогаш ќе мора направи неколку чекори. Инаку тој имаше состанок и со играчите. На нив им е кажано дека се прават максимални напори и ако се биде како што треба прво ним ќе им се исплатат долговите. Јасно е дека ако успее Вардар да “преживее“, тогаш и овој тим на Вардар ќе “преживее“, а тоа значи дека нашиот најтрофеен клуб и во следната сезона ќе атакува на првото место на прволигашката табела.

Сега значи на потег е Благо Георгиев, фактот дека останува уште некој ден во Скопје говори многу, говори дека работите одат во добра насока.

За Вардар, секако…