ЧУВАЈТЕ ПАРИ: Извршителите од 23 јули повторно ќе ТЕРОРИЗИРААТ

2.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧУВАЈТЕ ПАРИ: Извршителите од 23 јули повторно ќе ТЕРОРИЗИРААТ

Должниците можат да здивнат, но за кратко. Извршителите наместо од денеска, се враќаат од 23 овој месец.

Поради корона-кризата во април со владина уредба со законска сила сите извршувања, освен присилната наплатата на издршка, односно алиментација беа сопрени до крајот на минатито месец. Но, како што појаснува за весникот ВЕЧЕР претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов, оваа уредба е меѓу оние за кои Уставниот суд се изјасни дека можат да продолжат и по укинувањето на вонредната состојба, па Владата  ја продолжи до 23 јули, пренесува Република.

Дотогаш извршителите нема да можат да блокираат и да наплатуваат од претходно блокираните сметки на граѓаните и на фирмите и да запленуваат имот. Дотука должниците можат да бидат спокојни. Понатаму, враќањето на извршителите по 23 овој месец ќе ги „закачи“ и оние кои останале должни во периодот кога наплатата мирувала. Според Уредбата, во изминатите три месеци, извршителите примаа барања за извршување од доверители, но смееја само да ги евидентираат.  Исто така,  можеа и да изготвуваат налози за извршување врз недвижност, кои со електронска достава се предбележуваа во јавната книга, како и налози за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност, кои електронски ги доставуваа до Депозитарот за хартии од вредност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата