Долг е фудбаслкиот пат на Мирален Пјаниќ, а истиот го дотурка во моментов до големата Барселона. Босанецот е нов играч на каталонскиот клуб, а прославаа по повод трансферот се случи во Луксембург каде што родителите на Пјаниќ живеат веќе триесет години. Традиционално на босански начин, со песна и вино, семејството Пјаниќ одбележа еден голем настан за нив, а Миралем заедно со неговиот татко Фахрудин заплака  во еден момент во прегратка додека одеше во позадина една балада од Шериф Коњевиќ.

Пјаниќ секако најпрво ќе се одмори, а потоа ќе замине на подготовки со неговиот нов тим.