Екипата на СПАЛ беше на добар пат да ја прекине негативната низа во дуелите со Милан меѓутоа паднаа во финишот на мечот. Осум порази по ред изненадуваше нивната лоша серија, а вечерва имаа водство од 2:0 во првото полувреме.

Валоти донесе предност за СПАЛ во 13. минута, а зголеми ветеранот Флокари со прекрасен удар од околу 30-тина метри. Пред крајот на првиот дел Чаланоглу постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а набргу потоа домашните останаа со играч помалку затоа што Далесандро доби црвен картон.

А „росонерите“ се спасија во финишот. Извлекоа бод благодарение на голот на Рафаел Леао во 80 минута и автоголот на Викари во 94 минута.

СПАЛ е претпоследен, а Милан е на седмото место.

Во Верона имаше пет гола, а мечот помеѓу Верона и Парма заврши 3:2. Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски постигна одличен гол откако „измести“ двајца свои чувари и го совлада голманот. Верона го сврте резултатот со головите на Ди Кармине и Закањи, но „млекарите“ потоа изедначија со голот на Гаџиоло после лошата интервенција на домашниот чувар на мрежата. Но домашните ја запечатија победата со голот на Песина после контра напад и катастрофалната реакција на двајцата централни бекови на „млекарите“.

Фиорентина доживеа дебакл на свој терен од Сасуоло (1:3), Лече изгуби дома од Сампдорија (1:2). Претходно Интер ја победи Бреша со 6:0, а Болоња и Каљари одиграа 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore