Поради тоа ја кренал зградата во воздух! Објавени експлицитни фотографии од жената Ким Јонг Ун

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради тоа ја кренал зградата во воздух! Објавени експлицитни фотографии од жената Ким Јонг Ун

Бесот на Северна Кореја поради летоци против Пјонгјанг, лансирани од Југ, се “нечисти, навредливи“ прикажувања на сопругата на лидерот Ким Јонг Ун, изјавил главниот пратек на Русија во таа земја.

Во последните недели Пјонгјанг објавил низа осуди поради летоци против север кои Корејците од југ ги испраќаат преку милитализираната зона – обични балани кои лебдат.

Кампањата долго била предмет на кавга помеѓу двете Кореи, но овој пат Пјонгјанг го засилил притисокот, кревајќија канцеларијата за врска во воздух и заканувајќи со воени мерки, пренесува Yahoo News.

Една од последните пораки, испратени на 31 мај, биле провокативни снимки од првата дама на Северна Кореја, предизвикувајќи “сериозно негодување“ во Пјонгјанг, изјавил рускиот амбасадор во Северна Кореја Александар Матсегор.

- Летоците содржеле нечиста и навредлива пропаганда, уперена кон сопругата на лидерот – рекол Матсегор за руската агенција ТАСС.

Тоа беа “нечисти фотографии“, додал тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата