Како што се наближува стартот на доигрувањето во НБА во Орландо, се чини дека проблемите се зголемуваат. Информацијата која вели дека најмалку 20 кошаркари се заразени од коронавирусот, а кои треба да патуваат на Флорида, се разбира дека е голем проблем. Вечерва најнвата информација од Денвер вели дека “Нагетси“ ја заклучиле својата Арена и дека ги прекинале сите тренинзи до крајот на оваа недела. Да потсетиме дека таму Никола Јокиќ е позитивен. Се разбира дека ова е уште еден удар за челниците на НБА, како ли ќе ја одиграат завршницата од оваа сезона.