Мајорка на нашиот Александар Трајковски го фати последниот воз во битката за опстанок во Ла Лига, откако денеска пред своите навивачи обезбеди висока победа над Селта со 5:1.

Трајковски и на денешниот меч почна од клупата за резерви и доби шанса во 83. минута. Домашните ја отворија серијата погодоци со еден исклучително сомнителен пенал во 13. минута. Анте Будумир „подарокот“ го претвори во водство и најава дека Мајорка силно оди на трите бода.

 

Следуваа уште два гола до крајот на првиот дел. Во 27. минута хернандез зголеми на 2:0, а Поцо на пет минути пред одморот ги донесе домашните и до 3:0.

 

Во второто полувреме Селта со голот на Јаго Аспас (50′) само намали на 3:1, затоа што во следните 10 минути Мајорка погоди уште двапати преку Будимир и Севиља за високи 5:1.

 

Оваа победа ја донесе Мајорка на пет бода од Селта која е само едно место над цртата од црвената зона.

Standings provided by Sofascore LiveScore