НЕСТОРОВИЌ ПОВТОРНО ШОКИРАШЕ: Сега е најдобро да се заразите

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕСТОРОВИЌ ПОВТОРНО ШОКИРАШЕ: Сега е најдобро да се заразите

Проф. Д-р Бранимир Несторовиќ повторно се појави со контроверзна порака. Во неговата нова скандалозна изјава тој вели дека сега е најдоброто време за разболување бидејќи вирусот бил слаб.

- Ако треба да се разболите, најдобро е да се разболите сега, кога вирусот е релативно слаб. Сега има многу помал процент на тешки пациенти. Сега има само еден процент од тешки случаи. На почетокот тоа беше 81 процент. Луѓето беа затворени и тоа беше добро затоа што се разболија. Но, тие не се здобија со колективен имунитет. И сега е објавено дека, за среќа, не е потребен голем процент на колективен имунитет, Англичаните велат дека тоа е приближно 43%. Два труда беа објавени минатата недела и податоците покажуваат дека 60-70 проценти од луѓето се отпорни на почетокот. Тоа се млади жени, оние кои работат со деца, затоа што всушност децата ги имаат овие други коронавируси и тоа им дава заштита. , рече Несторовиќ

Тој додаде дека само оние со тешка клиничка слика можат да развијат антитела, а и дека не треба секој да се тестира и дека тестирањето не спречува болести.

- Не треба да се тестираат сите со симптоми. Денес сте тестирани, а немате потешка клиничка слика и тестот е негативен. За неколку дена сликата се влошува, добивате пневмонија. Па, што значи негативен тест? Оние кои имаат висока температура, кои се чувствуваат лошо, треба да бидат тестирани… Отсекогаш било така. Сега, сите во Србија би сакале да бидат тестирани. Но, државата ќе даде еден дел од тестовите на приватните лаборатории, така и тие ќе започнат со тестирање, а потоа нека ги тестираат сите што сакаат да бидат тестирани, сепак, тоа е глупост. Луѓето мислат ако се тестираат, дека се заштитиле и не можат да се разболат. Познато е дека еден месец децата не го пренесуваат овој вирус. Асимптоматските носители, т.е. оние кои не се болни, но имаат позитивен тест, исто така, пренесуваат многу малку - изјави тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата