Кривична за велешки полицаец кој малтретирал приведен поради неносење маска

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична за велешки полицаец кој малтретирал приведен поради неносење маска

Одделот за внатрешна контрола на полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен полицаец од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело малтретирање во службата.

Како што информираат од МВР, на 29 мај во Велес, пријавениот при преземање на службени дејствија за носење заштитна маска, привел едно лице и насилно го внел во полициското возило, каде на седиштето имало автоматска пушка.

Откако приведениот реагирал, полицискиот слижбеник му упатил закани.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата