ДЕНЕС РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ДУРИ 12 ЛИЦА!

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕНЕС РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ДУРИ 12 ЛИЦА!

Во изминатото деноноќие регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19, а починати се 12 лица, што е рекорден број на починати од почетокот на пандемијата. Пет од починатите пациенти се од Скопје, еден е од Штип, двајца од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст. Во Институтот за белодробни заболувања за деца-Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, а потврдена позитивна денес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата