Цела Европа едвај го чека 17 јуни кога УЕФА  и дефинитивно треба да се каже што и како со фудбалот во оваа година. Најинтересно е како ќе се одигра завршницата од Лигата на Шампионите. Таму уште треба да се одиграат некои мечеви од 1/8 финалето, но веќе се шпекулира дека Лисабон ќе биде градот кој ќе ги дочека осумте најдобри екипи кои би играле елиминациски мечеви во август, а самото финале би се играло на 29 август.

Според “Билд“ Лисабон ги победил во трката Истанбул, Москва и Франкфурт за град домаќин. Според УЕФА, главниот град на Португалија би бил идеален домаќин на ваков турнир, и поради фактот дека нема домашни екипи.

Интересно е тоа што, можеби и чудно, УЕФА има намера во Лисабон да дозволи на трибините да има гледачи. Секако дека не со полн капацитет на стадионот на Бенфика со оглед на кризата со Ковид-19, но сепак да има, и тоа само домашни фанови. На странците, односно на фановите на тие осум клубови кои ќе изборат пласман во 1/4 финалето, ќе им се забрани влез во Португалија.

Сепак да почекаме на официјалната одлука на УЕФА, да го дочекаме 17 јуни.