Ердоган ја укина мерката карантин, Истанбул полн со луѓе

6.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган ја укина мерката карантин, Истанбул полн со луѓе

Турците излегоа надвор за време на првиот викенд без мерки на карантин во речиси два месеци, еден ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган изненадно ја укина уредбата за останување дома.

Кафулињата, рестораните и другите места повторно беа отворени во понеделникот, додека стапката на заразени забавува. Укинати се и ограничувањата за меѓуградски патувања.

Луѓето ги преплавија плажите и брегот во Истанбул, а стотина чекаа во ред за да влезат во парк. Други пак купуваа сладолед на жешкото време – според нови хигиенски правила. Во Анкара излетничките места предизвикаа сообраќајни гужви.

Но, Ердоган изрази загриженост дека заразата би можела да се врати. Вчера беа пријавени 930 нови случаи, по намалувањето на 786 изминатата недела.

Досега од вирусот во Турција починаа 4.648 луѓе, а 168.340 се заболени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата