Ла Лига продолжува на 11. јуни со дуелот меѓу Севиља и Бетис, додека пак Барселона два дена подоцна и гостува на Мајорка. Каталонците се подготвуваа за новите возбудувања и трката за тронот, а по долго време се вратија на „Камп Ноу“.

Во клубот одлучија да одработат еден од тренинзите на главниот терен, она што посебно радува е присуството на Лионел Меси.

Аргентинецот во последните неколку дена не тренираше поради повреда, но се чини не станува збор за ништо сериозно.