Луѓе УМИРААТ од корона, а Филипче и Заев велат НЕ УМИРААТ

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луѓе УМИРААТ од корона, а Филипче и Заев велат НЕ УМИРААТ

Министерот за здравство, Венко Филипче ја споделува лудоста на Зоран Заев. Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот. Бројката на новозаболени со Ковид- 19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Додека луѓе умираат секојдневно од Ковид-19, Филипче и Заев ни велат не умираат. Според нив вирусот слабее.
Заразата се шири со енормна брзина, на ден има по троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата. Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, дека се е супер зошто тогаш го држат народот затворен три дена. Дека требаше масовно тестирање, скриниг пред се на ризичните групи меѓу кои се и здравствените работници покажува и бројката на новозаразени здравствени лица. Од ден на ден има се повеќе заболени со што се десеткува здравствениот кадар, со кој и онака кубуриме поради лагите на Филипче и Заев. Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени. Лудоста на Филипче и Заев мора да запре, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата