Некогашниот македонски младински репрезентативец и голема перспектива Филип Пивковски следната сезона веројатно ќе замине во Португалија и ќе настапиува за тимот на Беира Мар.

Тој изминатиот период беше дел од тимот на Ангелхолмс, каде што постигна седум гола на 24 мечеви. Пивковски се обидува да ја оживее што подобро својата кариера, откако како младинец од Малме потпиша за Блекбурн, а потоа беше дел од Новара. Сепак, најпрво повредата, а потоа и очигледно недоволниот фудбалски развој направија тој да биде дел од третолигашки екипи. За нас пак битно е да се каже дека тој беше дел од онаа наша славна генерација која настапи на Европскиот шампионат до 21 година во Полска.