Шпанската ракометна лига се подготвува за нов формат на натпреварување во новата сезона. Како што пренесува шпанскиот спортски весник „Марка“, се разгледува опција за поделба на лигата на две групи во првата фаза од натпреварувањето. Во првата фаза, лигата би била поделена во две групи од по девет екипи, од кои, најдобрите 4 од секоја од групите би формирале нова група од 8 екипи за втората фаза и би разигрувале за титулата. Останатите екипи ќе формираат плеј-аут група од 10 екипи кои ќе се борат за опстанок.

Поделбата на групите нема да се заснова на географски подрачја, туку на пласманот на табелата од претходната сезона. Според планот, вака би требало да изгледаат групите за новата сезона во шпанското првенство:

Можна група А: Барселона, Сиудад Логоно, Сиудад Енкантада, Гвадалахара, Нава, Бенидорм, Синфин, Кангас, Вила де Аранда

Можна група Б: Адемар Леон, Бидасоа Ирун, Граљолерс, Пуенте Жeнил, Атлетико Ваљадолид, Пуерто Сагунто, Анаитасуна, Хуеска, Понтеведра.