Барселона постави цена од 40 милиони евра за десниот бек Жуниор Фирпо, во надеж дека ќе ја намали цената за Лаутаро Мартинез.

„Нероаѕурите“ се заинтересирани за младиот бек, а Каталонците ќе се обидат да го искористат тој факт и да ги натераат Италијанците да го вклучат во цената за Аргентинецот.

Според Мундо Депортиво, Барса се обидува да најде опција да го вклучи Фирпо во договорот и со тоа да го намали износот што го посакува Интер за напаѓачот, што според неговиот договор е 111 милиони евра.

Каталонците немаат средства директно да ја платат целата сума, додека според италијанските медиуми, Интер веројатно нема да се согласи на помалку од 90 милиони евра за својата голема ѕвезда.