Европската ракометна федерација и фановите го избраа идеалниот состав за прекинатата сезона во женското издание на Лигата на шампионите.

Со гласови на интернет страната на ЕХФ, фановите го одбраа Ол-Стар тимот во кој најмногу гласови доби пикерот Асма Елагуи од Валчеа. Двојно помалку гласови доби уште една Романка, Кристина Неагу.

Интересно, во изборот на „Идеалниот тим на сезоната“ се најдоа и две поранешни ракометарки на Вардар и една на Кометал Ѓ. Петров: Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ и Едуарда Аморим Талеска.