Откако беа прогласени за нови шампиони и покрај прекинатото првенство, фудбалерите и раководството на на ФК Сараево во чии редови настапува и нашиот репрезентативец Крсте Велкоски, вечерва ќе имаат шампионско дефиле низ градот. ФК Сараево денеска информираше дека вечерва ќе организира шампионска тура во градот со специјално подготвен автобус.

Автобусот ќе тргне од паркингот пред стадионот на Кошево во 20.30 часот и ќе прави круг низ централното градско подрачје. Со оглед на пандемијата со коронавирусот, клубот не можеше да организира вообичаена прослава во центарот на градот, но сосема сигурно навивачите ќе се собера во центарот на градот. Од градот алармираа на огроворно однесување и почитување на мерките за социјална дистанца.