Британски BBC и официјално потврди дека екипата на Челзи го откупи договорот на голгетерот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер.

24-годишниот фудбалер, кој оваа сезона постигна 25 голови во Бундеслигата, има клаузула за ослободување од околу 54 милиони фунти, која „сините“ решија да ја активираат. Германскиот интернационалец се поврзуваше со Ливерпул, но „црвените“ не сакаа да ја платата поставената цена за него.

BBC Sport потврди дека Ливерпул не е заинтересиран да го потпише Вернер, но Челзи немаше проблем со цената и реши да ја плати цената. Вернер е вториот фудбалер кој доаѓа како новак во составот на Лампард за следната сезона, откако претходно лондончани го обезбедија и Хаким Зијех од Ајакс за 37 милиони фунти.