Власта не се откажува од забраната за гробиштата за Задушница и Духовден

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Власта не се откажува од забраната за гробиштата за Задушница и Духовден

Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата.

Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која забраната важи од синоќа до 21 часот до понеделник до 05 часот.

Дека Владата останува на својата одлука говори и фактот дека ОЈО Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта, стои во соопштението на велешкото ЈО

Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Забраната за движење на граѓаните во овие општини ќе трае 80 часа, односно до понеделник до 05 часот.

Во сите останати градови во земјава забраната за движење, која почна синоќа во 21 часот важеше до 05 часот утрово. Забрана за движење ќе имаат и другите денови од продолжениот викенд односно и вечерва, сабота вечер и недела а ќе почнува во 16 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата