Во Летонија се играат пријателски натпревари пред враќањето на фудбалот. На пример Рига ја победи РФС Рига со 2:0. На мечот се случи еден момент во кој судијата Андрис Трејманис направи нешто што би се опишал како меѓународен скандал.
Тој му покажа црвен картон на Седрику Куадио и потоа среден прст.
На прв момент се чини дека е огромен скандал, токму во период кога во САД се одвиваат протести поради убивањето на Џорџ Флојд, а во Европа се повеќе фудбалери и клубови го кренаа својот глас против разисмот, меѓутоа не е така. Судијата, инаку со знак на ФИФА, објасни за што всушност се работи за да не дојде до недоразбирање.
„Многумина ми се јавија да прашаат за што се работи. Затоа чувствувам дека треба да објаснам за да не се протолкува погрешно целата ситуација. Тука се е чисто. Претходно фудбалерот му покажа среден прст на противничкиот фудбалер што е забрането на фудбалски натпревар. Затоа му покажав црвен картон, а потоа со гестикулација му објаснив зошто го направив тоа. Му објаснив дека го казнувам за покажаниот среден прст кон другиот фудбалер. Тука се е чисто. Ве молам не правете скандал за ништо. Гледајте ја целата снимка, а не само слика“, вели судијата.