Грчките левичари запалија американско знаме во Солун

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчките левичари запалија американско знаме во Солун

Грчките левичари во Солун го запалија американското знаме пред конзулатот на САД, тврдејќи дека тоа го прават во солидарност со „американските бунтовници“, пренесува „Прото Тема“.

Групата држела пароли „Солидарност со жртвите на расизам и полициско насилство во САД“ и „Солидарност со бунтовниците во САД“ пред зградата на конзулатот и извикувале разни антирасистички пароли пред да го запалат американското знаме.

Десетици демонстранти учествувале на протестот, марширајќи по главните улици на Солун, откако се собрале пред статуата на Елефтериос Киријаку Венизелос, поранешен премиер на Грција кој беше истакнат водач во грчкото национално ослободително движење.

Протестот во Солун е само еден од многуте во знак на поддршка на демонстрантите, актвистите на „Блек лајвс медр“ и АНТИФА во Европа во последните неколку дена.

Во Амстердам во Холандија, илјадници излегоа на улиците во знак на протест против полициската бруталност. Собирот беше во спротивност со мерките за ограничено движење земјата според кои луѓето треба да носат маски и да стојат на најмалку пет метри едни од други, и доведе до повици за оставка на градоначалникот кој присуствуваше на протестот.

Во Франција се одржа голем протест со повеќе од 20.000 лица – во солидарност со демонстрантите на САД и за спротивставување на бруталноста на француската полиција – кој се претвори во немири и насилство во вторникот вечерта.

Во Париз во немирите беа запалени неколку импровизивни барикади. Во париското предградие Клиши, полициската станица беше насилно нападната, а демонстрантите се да ги искршат прозорците на зградата и да влезат внатре.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата