Се чини дека во каталонскиот гигант не можат глава да дигнат од проблеми. А најновиот проблем е тојдека најдобриот, односно Лео Меси е повреден. Најголемата ѕвезда на Барса на тренинг го повредил адукторот на десната нога, па затоа вчера не бил заедно со своите соиграчи на редовниот тренинг. Резултатите допрва ќе се знаат, сепак се очекува дека таа повреда и не е толку сериозна, иако некои медиуми за Аргентинецот најавуваат дека тој би можел да ги пропушти првите кола, односно натпревари од “рестартот“ на сезоната во Ла Лига.

Меси оваа сезона веќе имаше проблеми со повредите, неговото отсуство на неколкуте средби на Барса тоа се осети, и затоа надежите во Барса се дека оваа најнова повреда на Лео и не е така сериозна.

Во секој случај во текот на денешниот ден би требало да се знаат детали.