Фудбалот во Италија дефинитивно се враќа на 12 јуни. Според последната потврда од Апенините, италијанскиот фудбал се враќа со првите два полуфинални меча од Купот кои веќе се закажани за 12 и 13 јуни. Во првиот термин на 12 јуни ќе играат Јувентус и Милан, а ден подоцна и Наполи и Интер. Финалето ќе биде на 17 јуни.

Првите полуфинални дуели веќе се одиграа во февруари. Милан и Јувентус одиграа нерешено 1:1, а Наполи славеше против Интер со 1:0.

Финалето ќе се одигра во Рим, по што на 20 јуни треба да продолжи и Серија А.