Спортскиот директор на Лацио Игли Таре откри дека имал понуда да работи во Милан меѓутоа ја одбил. Кога Леонардо преминал во Пари Сен Жермен, од Милан го контактирале Таре за позицијата спортски директор.

Минатата година зборував со луѓе од Милан. Бев навивач на Милан како дете, но Лацио си е Лацио. Лацио има место во моето срце и не можев да одам“, изјави некогашниот албански репрезентативец.

Таре играше за Лацио од 2005. до 2008. година, во Италија играше уште за Болоња и Бреша, а претходно помина седум години во Германија и тоа во Манхајм, Карлсруе, Фортуна и Кајзерслаутерн. Како дете играл за Партизани од Тирана.