Францускиот младински репрезентативец и член на тимот на Лион, Усем Ауар е на праг да прејде во тимот на Јувентус.  Играчот за врска во моментов има 21. година и е екстра перспектива на Францускиот фудбал, има дваесетина настапи за У21 репрезентацијата на оваа земја, а Јуве тоа го препозна, па сака да го доведе во своите редови.

Манчестер Сити е негов ривал во оваа операција, но знаејќи ја силата на Јувентус кога станува збор за трансферите и големиот процент на успешност кога ќе тргне да доведува некој играч, многу е веројатно дека идната сезона Ауар ќе се бори за стандардно место во првите единаесет на најтрофејниот Италијански клуб.

Што е многу побитно самиот Ауар призна дека не би одбил понуда од така сериозен клуб како што е Јувентус.