СЗО направи категоризација на епидемиолошката слика во Македонија - СКОПЈЕ И ТЕТОВО ВО ЧЕТВРТА ФАЗА

3.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО направи категоризација на епидемиолошката слика во Македонија - СКОПЈЕ И ТЕТОВО ВО ЧЕТВРТА ФАЗА

Светската здравствена организација ги категоризираше епидемиолошки најзагрозените градови во Македонија.

Според степенот на ризик, Скопје како главен град е во четвртата фаза, што значи широко распространето (нелокализирано) ширење.

Тетово е во иста фаза, но според наодите, ширењето е локализирано.

Во однос на состојбата во Штип, град во кој последните денови е многу голем бројот на заразени лица и според епидемиолошките експерти стана жариште на вирусот, дистрибуцијата е во трета критична фаза, но  контролирана и локализирана.

Другите градови во земјава се во втора фаза, што значи дека случаите на заразени лица се спорадични.

Наодите на СЗО се засноваат на неделни биланси.
 

Извор: Алсат-М

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата