Жељко Митровиќ стана дедо! Добил внука, еве како се славело (фото)

2.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жељко Митровиќ стана дедо! Добил внука, еве како се славело (фото)

Душица на својот Инстаграм објавила фотографии и истакнала дека Жељко Митровиќ станал дедо.

Неговиот син Александар, кој го добил во брак со некогашната пејачка Соња Митровиќ Хани, станал татко.

Се славело и уживало, а на синот на Жељко Митровиќ, Душица Јаковљевиќ му ја кинела маицата.

“За два месеца, еве, првпат кажувам дека ќе станам дедо“, рекол неодамна гордиот Митровиќ.

Инаку, неговиот син Александар подолго време е во врска со својата девојка, а оваа пролет требале да се венчаат. Парот се занимавал со организирање на голема прослава, но на крај е одложена поради пандемија на корона вирус. Не е познато дали дали синот и снаата на Митровиќ го кажале судбоносното “да“ само во кругот на најблиските или тој свечен момент го одложиле по породувањето и дефинитивниот крај на пандемијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата