Луис Хамилтон, светскиот првак во Формула 1, го осуди молчењето на своите колеги од тој спорт, по повод настаните во САД, по убиството на Флојд Џорџ. Интересно, освен него ниту еден друг од Формула 1 не изнесе став дека е против расизмот.

“Зошто молчите, ве гледам сите вас, некои од вас се најголеми светски ѕвезди, но сепак сте неми кога станува збор за неправдата. Ниту еден глас од спортот во кој доминираат белците, само јас сум “обоен“, и затоа сум осамен. Мислев дека досега ќе сфатите зошто тоа се случува. Нема да има мир додека нашите таканаречени лидери не се променат. И не само САД се во прашање, туку В. Британија, Шпанија, Италија. Ние не сме родени со расизмот во срцата, на тоа не учат тие што ни се идоли“, гневно изјави шесткратниот светски првак.