На 68-годишна возраст, синоќа, во Скопје, почина Бранко Костадиновски.

Тој речиси целиот работен век (до 2015-та) го помина во Фудбалската федерација на Македонија. Беше дел од Комисијата за натпреварување задолжен за Прва и Втора македонска фудбалска лига, а подоцна задолжен за натпреварувањата во футсал преку Комисијата за мал фудбал.

Погребот е утре во 12.00 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.