Дарко Чурлинов во својот втор официјален настап за тимот наШтутгарт во домашниот второлигашки шампионат на Германија, успеа за прв пат да се запише во листата на стрелците.

Нашиот младински репрезентативец предмалку стрелаше на гостувањето кај Динамо Дрезден во триумфот на својот тим од 0:2.

Тој влезе како замена во 57. минута од мечот, при резултат 0:1, а погоди во 88. минута на самиот крај, за да ја запечти победата.

Ова е и тоа како добар старт за нашиот млад фудбалер кој во овој тим пристигна зимава, и немаше досега шанса со оглед на околностите до овој момент, но ете штом му се пружи шанси Дарко Чурлинов веднаш покажа за што е способен.