Касами, партнерот на Заев, не ги почитува препораките: БЕЗ МАСКА СО ПОЛА СЕЛО НА МАСА

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Касами, партнерот на Заев, не ги почитува препораките: БЕЗ МАСКА СО ПОЛА СЕЛО НА МАСА

Претседателот на тетовското крило на БЕСА, Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од коронавирусот, без заштитна опрема го посетил домот на Гани Халили припадник на УЧК од скопско Свиларе кој почина на 21 мај годинава

Касами, како што може да се забележи од фотографиите, е во друштво на семејството на Халили и претставници на неговата политичка партија. На една маса, без одржување на дистанца од најмалку два метри и без заштитна опрема.

Касами до овој момент не е тестиран на коронавирус, иако јасно се гледа дека истиот не се придржува кон мерките.

Лидерот на БЕСА од Тетово инаку претставува и опасност за државното раководство, кое пак се состанува на лидерски средби на кои и Касами е учесник.

Извор: Инфомакс

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата