Комесарот на НБА лигата го предложи 31. јули како можен датум за враќање на кошаркарите.

Натпреварувањето е прекинато кон средината на март, откако кошаркарот на Јута, Руди Гобер излезе позитивен на коронавирусот, а во изминатите недели се шпекулираше за враќањето на првенството.

Првиот човек Адам Силвер одржа разговори со челниците на тимовите. Прецизирано е 31. јули да биде датумот на кој ќе продолжи сезоната.

Конечната одлука ќе биде донесена во текот на идната недела. Се расправало и за различни сценариа за продолжување, но што ќе се одлучи на крајот, ќе се знае во следниот период.