НАЈНОВИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ во земјите од регионот и светот

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈНОВИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ во земјите од регионот и светот

Од коронавирусот во светот вкупно досега се заразиле 5.962.407 лица. Од нив починале 363.899, а оздравеле 2.628.359.

- Во Албанија од направените 276 тестови позитивни на Кови-19 биле 23 лица, од кои 12 се од Тирана. Вкупниот број на заразениво Албанија достигна 1.099. Од појавата на пандемијата до сега починати се 33 лица. Моментно активни случаи се 215. Во Албанија од почетокот па се досега се  направени 15.595 тестови.

- Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се пет нови позитивни случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.909 лица, а починаа 175 лица.

- Во последните 24 часа во Србија едно лице починало од последиците од коронавирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 242.

- Во Србија, 5.215 лица биле тестирани за коронавирус, а позивни се 54 лица. Според официјалните податоци 6.524 пациенти досега се излекувани.

- Министерството за здравство на Кипар соопшти само еден нов случај на Ковид-19, од направени 2.363 анализи, а бројот на заразени лица се зголеми на 942 од почетокот на епидемијата

– Смртните случаи од новиот коронавирус во Италија се зголемија за 87 денеска во однос на вчерашните 70, а бројот на нови случаи за еден ден е намален од 593 на 516. Вкупниот број на смртни случаи во земјата од ширењето на вирусот на нејзина територија на 21 февруари сега е 33.229. Бројот на регистрирани како заразени се намали од 47.986 вчера на 46.175 денеска. Досега има 475 лица на интензивна нега, споредено со вчерашните 489 лица

- Во Велика Британија починати се 324 лица од коронавирус во изминатите 24 часа. Вкупниот број на смртни случаи во Велика Британија сега изнесува 38.1161. Земјата е на второ место по САД. Досега има над 48.000 починати во Велика Британија од Ковид-19. Во изминатите 24 часа, во државата се регистрирани 2.093 лица заразени со коронавирусот. Така, вкупниот број потврдени случаи во Велика Британија достигна 271.220 Според тој индикатор, земјата е на петто место по САД, Бразил, Русија и Шпанија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата