15 ГОДИНИ ГО КРИЕЛА ТЕЛОТО ОД БАБА И ВО ФРИЖИДЕР за да ги зема нејзините чекови (ВИДЕО)

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
15 ГОДИНИ ГО КРИЕЛА ТЕЛОТО ОД БАБА И ВО ФРИЖИДЕР за да ги зема нејзините чекови (ВИДЕО)

Жена од Пенсилванија е уапсена затоа што го чувала телото на нејзината почината баба 15 години во замрзнувач, за да може да ги зема чековите за социјално осигурување, пренесува Дејли Меил.

Јавноста дозна за ужасот откако клиенти, заинтересирани за купување на нејзината куќа, го пронашле телото на починатата Гленор Делахеј минатиот февруари.

Полицијата истражувала повеќе од една година и открила дека Делахеј починала во март 2004 година на 97-годишна возраст, но кога Синтија Блек (61) ја пронашла мртва, го ставила телото во замрзнувач во подрумот за да може да ги зема парите.

Засега е непознато колку пари собрала со измамата, но спроед надлежните над 186 000 американски долари и биле исплатени на Делахеј од 2001 до 2010 година.

Жената која живеела со нејзината баба пред да умре, наводно г користела парите за да ја плаќа хипотеката.

Според неофицијалните информации таа го преместила поголемиот дел од телото, но од немарност заборавила некои човечки остатоци на кои наишле потенцијалните купувачи на куќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата