„Моето малечко бебенцe“:Лила Филиповска објави носталгична фотографија од синот

28.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Моето малечко бебенцe“:Лила Филиповска објави носталгична фотографија од синот

Популарната ТВ водителка Лила Филиповска, секогаш е актуелна во јавноста, како за она што и се случува на приватно поле, така и на професионален план кога е во прашање квизот „Се или нешто“ кој го води години наназад, а моментално е во мирување или пак инфлуенсерството во кое е сериозно успешна.

За Лила се знае доста, бидејќи таа не е меѓу ултра резервираните, освен кога е љубовта во прашање, па е повеќе мистериозна, како што вели, за да има повеќе среќа.

Како сите, така и Лила, поминавме многу време затворени дома, па имавме простор да чепнеме во некои подзаборавени нешта од минатото.

Тоа најчесто беа фотографиите. Лила често знае да објави вакви ретро фотографии, а сега повторно ја навјасаа спомени и објави досега невидена фотографија од нејзиниот син Филип.

На фотографијата тој е потпораснато бебенце седнато во детски автомобил, а мама Лила гордо покажа како изгледаше нејзиното синче во едно далечно време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата