Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната
седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател
на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по
изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник и ќе претседава со седницата
до изборот на нов спикер. Претседател на новиот параментарен состав, согласно
роковите од новиот Деловник, се очекува да биде избран најдоцна на 1 јуни.
Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска на средба
со новинарите информираше дека тој исто така до 12 мај треба да ја свика и
седницата за инаугурација на новиот претседател, по изборите на 24 април и
евентуален втор круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.
Во Собранието денеска треба да започне последната нова
пленарна седница и да заврши до утре, а закажани се и продолженија на неколку
други седници. Митрески нагласи дека на седницата е предложена Декларација за
одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основање на
Алијансата. Претседателот на Собранието смета дека е многу значајно да се
донесе оваа Декларација на самиот крај овој мандатен состав и со тоа ќе остават
порака за идните пратеници.