Пејачката Аделина Тахири на својот Инстаграм-профил објави неколку фотографии направени на партиски митинг, а на кои е во првите редови близу до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Не е познато во какво својство се појавила на митингот, како пејачка или како поддржувач.
Инаку, таа пред две години беше во првиот ред на протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Премногу е!“,против Францускиот предлог.
Тогаш беше во друштво на сопругата на Мицкоски, Рози Мицкоска.