Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена
донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка.
Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се
лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и
четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од
досегашните многубројни проекти на континуирано одличната соработка во полето
на одбраната помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, велат од
Министерството за одбрана.
На настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка
Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко
Ѓурчиновски, амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом
и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените
сили на Кралството Норвешка.
На чинот на официјалното предавање ќе присуствува и
раководството од Министерството за одбрана и Генералштабот, генерали во
Армијата и команданти од единици.