Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ
Гордана Сиљановска Давкова со над 182.000 гласови го победи претседателскиот
кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Покрај тоа таа однесе победа во 60
општини, а Пендаровски само во две.
Тоа значи дека
Сиљановска Давкова го победи Пендаровски во сите скопски општини и околината.
Во Аеродром, Сиљановска
освоила 21.145 гласови или 51,09 отсто, а Пендаровски освоил 8.950 гласови или
21,63 отсто.
Во Бутел,
Сиљановска има 7.370 гласови или 40,65 отсто, Пендаровски има 2.197 гласови,
или 12,12 отсто.
Во Гази Баба,  Сиљановска
Давкова освоила 18.125 гласови или 54,34 отсто, за Пендаровски гласале
4.782 граѓани или 14,34 отсто.
Во Ѓорче Петров
за Сиљановска гласале 11.694 граѓани или 51,63 отсто, а  за Пендаровски 4.650 гласови или 20,53 отсто.
Во Карпош, за
Сиљановска има 14.482 гласови или 41,49 отсто, Пендаровски добил 9.130 гласови
или 26,15 отсто.
Во Кисела Вода голема
победа за Сиљановска Давкова со 18.183 гласови или 56,22 отсто, а  Пендаровски само 6.205 гласови или 19,19
отсто.
Во Центар, за
Сиљановска гласале 10.490 граѓани или 40,02 отсто, а за Пендаровски 8.537
граѓани или 32,57 отсто.
Во Чаир за
Сиљановска Давкова гласале 2.791 граѓани или 10,28 отсто, додека пак за
Пендаровски гласале 1.809 граѓани, односно 6,67 отсто. Во оваа општина,
најголемиот број од жителите гласале за Бујар Османи од ДУИ, за кого се
одлучиле 10.999 граѓани или 40,53 отсто, а втор е Арбен Таравари од коалицијата
Влен со 9.618 гласови или 35,44 отсто.
Сиљановска го води Пендаровски и во Шуто
Оризари со 1.853 жители или 25,45 отсто, додека за Пендаровски гласале 1.132
или 15,55 отсто. Најмногу гласови добил Османи, односно 2.699 или 37,07 отсто.
Во Сарај за Сиљановска
гласале 643 жители или 4,07 отсто, а 2,83 отсто, а 447 гласачи се одлучиле за
Пендаровски. И во оваа општина најголемиот број гласови има за Османи, односно
8.324 или 52,72 отсто, а втор е Таравари со 6.020 гласови или 38,13 отсто.
Од општините кои не се дел од градот Скопје, но се во околината резултатите се следните.
Пендаровски води во
Студеничани. Таму најмногу гласови има Османи, 2.839 или 50,52 отсто, а Таравари
гласале 1.868 жители или 33,24 отсто. Пендаровски има 443 гласови или 7,88
отсто, а Сиљановска освоила 336 гласови, односно 5,98 отсто.
Во Арачиново, најмногу
гласачи се одлучиле за Османи, односно 1.841 жители или 53,39 отсто, а втор е
Таравари со 1.093 гласови или 31,70 отсто. Пендаровски е трет со 419 гласови
или 12,15 отсто, а четврт е кандидатот на ГРОМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски
со 12 гласови или 0,35 отсто а Сиљановска има 9 или 0,26 отсто.
Во Сопиште, за
Сиљановска гласале 1.609 жители или 50,66 отсто, а за Пендаровски 451 глас или
14,20 отсто.
Во Петровец, Сиљановска
освоила 2.439 гласови, односно 59,11 отсто. За Пендаровски се одлучиле 590
жители со право на глас, односно 14,30 отсто.
Во Илинден, за
Сиљановска има 5.582 гласови, односно 62,87 отсто, втор е Максим Димитриевски,
кандидат од ЗНАМ, кој освоил 1.462 гласови или 16,47 отсто, а Пендаровски добил
1.017 гласови, со 11,46 отсто.
Во Зелениково Сиљановска
добила 1.041 гласови или 54,36 отсто, а Пендаровски е зад неа со освоени 404
гласови или 21,10 отсто.