Боењето јајца за Велигден понекогаш може да биде неуреден процес ако ги боите со бои од кесичка, или ги мачкате со разни бои, светки и слично.
Сепак, постои една старинска метода со која јајцата ќе се обојат во уникатни дезени и бои кои досега не сте ги виделе.
Се работи за необична техника на боење јајца со свилен шал, а за неа ќе ви бидат потребни следниве работи:
Свилената марама и газата исечкајте ги на квадрати со големина од околу 18 см, потоа секое јајце завиткајте го прво со марама, а потоа со газа и врзете ги краевите со ластиче.
Во тенџере со ладна вода ставете ги јајцата и кога ќе почне да врие варете ги околу 15 минути.
Варените јајца одвиткајте ги и оставете ги да се изладат, а потоа намачкајте ги со масло и уживајте во убаво вапсаните јајца.