Децата во нордиските земји (Исланд, Финска, Норвешка, Шведска и Данска) имаат највисоки стапки на благосостојба на глобално ниво. Можеме многу да научиме од нив. Воспитувачка од данска градинка објави видео од деца како си играат - во кал! Тие се тркалаат и скокаат во услови кои многу од нашите родители би ги сметале за несоодветни.
„Играњето и скокањето во калта е повеќе од забава – тоа е важно за сетилниот развој на децата. Кога децата поминуваат време вака, тие ги вклучуваат сите свои сетила: допир, вид, мирис, па дури и звук. Од чувството што калта го создава помеѓу прстите до мирисот на земјата што го исполнува воздухот, играта со кал нуди богато сетилно искуство што не може да се повтори во затворен простор, нека го прегрнат нередот и нека се потопат во радоста на играта со кал - нивните сетила ќе ви се заблагодарат за тоа“, стои во описот на видеото.
„Добро е децата да се забавуваат, но сигурна сум дека родителите не се среќни кога децата се враќаат од градинка со калливи алишта“, „Како после ова да се исчистат децата? Јас сум воспитувачка во друга земја и сум сигурна дека родителите не би биле среќни доколку им предадам така валкани деца“, се прашуваат луѓето во коментарите.
Некои се загрижиле и за здравјето на децата, па напишале: „Вака децата можат да се заразат со глисти“, „Само ме интересира што се случува кога децата ќе добијат кал во устата и ќе добијат инфекција.“
Мајка од Финска објаснила дека во градинките во таа земја има тушеви и кади во кои децата се капат кога ќе се извалкаат со кал. "Родителите се обврзани да чуваат четири комплети чиста облека во шкафовите. Воспитувачите ги тушираат и ги преслекуваат децата, дури и по оброците. Претпоставувам дека затоа Финска седум пати по ред е рангирана како најсреќна земја во светот. Оваа практика на оставање на децата да си играат е нормално овде во нордиските земји“, напишала жената.