Екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика – пример за скромност, посветеност и хуманост

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика – пример за скромност, посветеност и хуманост

Таков е примерот со поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика, кој го красеше епитетот најсиромашен лидер на светот. Десетина години откако си замина од функцијата со рекорден рејтинг од 70 проценти, славниот Пепе како што го нарекуваат и во деветата деценија од неговиот живот, се уште е доста популарен. Иако беше шеф на државата во краток период од 2010 до 2015 година, сепак постави нови стандарди за функцијата. 

-Тие што сакаат многу пари, мора да излезат од политиката. Дали тоа значи дека треба да се казнат тие кои сакаат многу пари? Не. Тие треба да бидат во трговија, во индустриите каде богатството се зголемува, во секакви бизниси итн. Тоа е во ред, таму да. Но, не во политика. - Хозе Мухика

Познат по неговиот скромен животен стил, Мухика се откажа од 90 проценти од платата висока 12 илјади долари кои ги намени за добротворни цели. Наместо од претседателската вила, државата ја водеше од трошна колиба во предградието на Монтевидео, опкружен со животни и миленици, меѓу кои и Мануела, кучето со три нозе кое го спасил со сопругата. За разлика од многу негови колеги, Мухика стана познат и по тоа што на работа доаѓаше со сината буба која ја поседуваше од далечната 1986 година.

-Скромноста за нас е алатка за да имаме слобода. Ако имам многу материјални работи или врски, јас ќе го поминам животот барајќи ги тие приврзаности. - Хозе Мухика

Неговата популарност придонесе неговата сопруга Лусија Тополански, која исто така долги години е во политиката да стане и потпретседателка на Уругвај, само две години откако тој си замина од функцијата. Мухика по крајот на мандатот се откажа и од претседателската и сенаторската пензија, а останува и единствениот светски лидер кој за време на својот мандат ги легализираше, еднополовите бракови, марихуаната и правото на абортус. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата