Американец решил да повтори сцена од филм во реалниот живот и освоил 500.000 долари

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американец решил да повтори сцена од филм во реалниот живот и освоил 500.000 долари

Човекот, кој избрал да остане анонимен, според Лотаријата во Мичиген, рекол дека гледал филм во кој главниот лик добива голема добивка на лотарија и неверојатно личи на него.

- Главниот лик беше мојот двојник, па тоа го сфатив како знак да одам да купам лоз. Подоцна истиот ден бев со некои пријатели и го изгребав билетот. „Кога видов дека освоив 500.000 долари, не можев да им верувам на очите“, рече тој.

- Сакав да се уверам дека тоа што го гледам е реално пред да ја споделам веста со моите пријатели, па отидов во бањата повторно да го погледнам тикетот. Кога го потврдив тоа што го видов, ѝ се јавив на девојка ми да ѝ ја кажам добрата вест – додал тој.

Со наградата од 500.000 долари, тој рече дека планира да се грижи за своите деца и да оди на одмор.

- Се чувствувам толку благословен што ја освоив оваа сума пари - рече тој, според Си-Ен-Ен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата