„За конкурентна, зелена Европа ќе бидат потребни трилиони евра инвестирани во текот на децении. А јавните пари ќе бидат потребни за приватен капитал, според нацрт-заклучоците од самитот, видени од Политико.
Но, државите од ЕУ се претпазливи да му дадат повеќе пари на Брисел што за нив значи преземање дополнителни долгови или удирање врз луѓето со новии европски даноци.
Неодамнешниот среднорочен преглед на нејзиниот буџет на ЕУ покажа дека на блокот останува без готовина откако се соочи со глобална пандемија, војна на нејзиниот праг, структурно високи трошоци за енергија и намалена економска тежина на глобално ниво.
Згора на тоа, населението на ЕУ би можело да почне да опаѓа оваа деценија, влечејќи ја економијата со себе.
“Тоа е комбинација која неизбежно ќе ги загрози големите планови на Европа“ пишува Политико.
ЕУ наметнува “зелена агенда“ со откажување од традиционалните извори на енергија и гасење на атомските централи но, никој не излегол со пресметка и доказ - кој ќе го плати тоа, и која ќе биде цената на таа “зелена енергија“ од вода, сонце и ветер за крајните потрошувачи затоа што, на крајот од денот, пазарот мора да биде подготвен да ги прими тие цени и да преживее.
Термоцентралите на гас и јаглен се затвараат заради “зелената политика“, Германија и неколку други ЕУ држави затвараат и атомски централи зборувајќи за “зелена енергија“ која ја нема и не може да се произведе во количества колку што на индустријата и домаќинствата им е потребно. Стариот бунар се затвара е новиот досега не ветува многу.