Трет ден трае потргата по двегодишното девојче од Србија

28.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трет ден трае потргата по двегодишното девојче од Србија

 Вчера полиција по 27 часа интензивно пребарување на теренот ја запре потрагата  по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања, во близина на Бор.

Според српското МВР, сите информации укажувале дека исчезнатото девојче не било во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри. Но полицијата продолжува со оперативните активности за пронаогање на детето.

Инаку, родителите на малата Данка биле на распит во полиција а мобилниот на мајката бил испратен на вечтачење јавија српските медиуми.Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата