Словенија го повика на разговор српскиот в.д. амбасадор поради навредливите изјави на Вучиќ

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Словенија го повика на разговор српскиот в.д. амбасадор поради навредливите изјави на Вучиќ

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјавите на Вучиќ ги оцени како навредливи и неприфатливи.

- Бараме објаснување, извинување, тоа не е во духот на добрососедските или пријателските односи … Очекуваме Србија да дејствува во духот на европските вредности што ги брани, наведе Фајон, додавајќи дека изјавите на Вучиќ се невистинити.

Вучиќ вчера изјави дека Србија паднала во замка што и ја поставиле САД, Швајцарија и Словенија.

- Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг, истакна вчера Вучиќ. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата