Радиша Јовановиќ од селото Трудељ кај Горњи Милановац повеќе од 15 години живее со две жени под ист покрив и се смета себеси за најбогат човек на светот. Иако луѓето обично се шокираат кога ќе ја слушнат неговата приказна, Радиша истакнува дека е среќен и дека во неговиот дом владее хармонија и дека не го интересираат злонамерните коментари на соседите.
Сепак, клучниот потег го направила сопругата на Стојанка, која се омажила за овој домаќин пред речиси 25 години. Му подарила три сина и ќерка, но кога дознала дека сопругот ја изневерува, и дека со Ана чека дете, наместо да го остави, застанала во одбрана на нероденото дете. И не само тоа, таа дури и ја пречекала љубовницата во својата куќа, која родителите ја избркале откако дознале што направила.
- Стојанка е толку добра жена и таа е носител на се. Таа беше единствената што ме разбираше, дури и мајка ми долго време не се согласуваше со ова и гледаше површно, како и повеќето луѓел изјавил Радиша пред неколку години во емисијата „Нема да верувате“.
Поради целата ситуација попот со години ја избегнува неговата куќа, соседите го озборуваат, а роднините се одрекуваат од него. Но, изгледа дека на Јовановиќи воопшто не им е гајле за тоа!
-Јас сум најбогатиот човек на светот, имам дури две подобри половини и шест деца. Стојанка ми подари 3 сина и ќерка, а Ана две ќерки, па има ли нешто поубаво?! Имам шест соколи и горд сум на тоа. Знам дека многу луѓе мислат дека не сум нормален, но ние си ја гледаме нашата работа. Не ни е гајле што ќе каже некој, ние самите си го водиме животот и одлично си поминуваме! Не обрнуваме внимание на селските приказни, знаеме дека со години сме во центарот на вниманието и дека многу луѓе се уште се прашуваат како живееме. Но, тоа е наша работа. Јас сум опозиција во куќата, а жените се власт, изјавил тогаш Радиша.
Стојанка и Ана со текот на времето станале големи пријателки и прават се заедно. Иако на почетокот не било лесно...
- Не ми беше пријатно, но животот на детето е најважен, била јасна Стојанка.
Ниту на Ана не и било сеедно кога бремена влегла во куќата на Радиша, знаејќи дека тој е женет.
- Не ми беше лесно, тој ден се скарав со родителите и дојдов овде со намера да не останам, но така испадна... Мислам дека Стојанка е добра жена. Таа готви, додека јас сум со стоката. Се правиме заедно, изјавила Ана во емисијата „Нема да верувате“ и додала:
- Не е таа виновна што останав бремена со него, но таа е добра личност, признала таа.
Навраќајќи се на својот брачен живот, Радиша истакнал дека ниту тој немало да ја обвини Стојанка доколку таа останелс бремена со друг и родрла дете под неговиот покрив.
- Можеби сега луѓето нема да веруваат, но важно е да е дете и каде е родено. Нашиот народ вели дека е важно чии овци пасат, а не чија е ливадата. Само децата да се живи и здрави. Би прифатил туѓо дете ако Стојанка се породи тука, заклучил тој.
Емисијата е снимена пред неколку години, па се надеваме дека во необичниот дом на Јовановиќ се уште владее хармонија.